Утре: Литургија и промоција на монографија за манастирот Света Богородица Пречиста

По празникот посветен на Свети Пророк Илија, Илинден, и на Светите Преподобни Пречистански Маченици, Пајсиј, Евнувиј и Аверкиј, во манастирот Света Богородица Пречиста Кичевска, на ден 2 август 2013 година (петок) со почеток во 08.30 часот ќе се одржи Света архиерејска литургија со која чиноначалствува неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарко – Кичевски Господин Тимотеј, со повеќе архиереи и свештенослужители на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

По Божествената литургија, во рамките на прославата ќе има промоција на монографија за манастирот Света Пречиста Кичевска од Д-р. Сашо Цветковски, а промотор на книгата ќе биде Академик Цветин Грозданов.

Се покануваат сите Православни верници масовно да земат учество во прославата на празникот