Лозано и Есма спремни за Евровизија

До 58. Евровизија остана уште малку, а нашиот тим е речиси комплетно подготвен да тргне кон Малме, каде со дуетската Пред да се раздении ќе ги брани боите на Македонија – пишува денешен “Вечер”.

Подготовките, според првиот човек на евровизиската делегација Љупчо Мирковски, се речиси финиширани, а Есма и Лозано во Шведска каде годинава се одржува најголемото европско музичко натпреварување заминуваат за една недела.

Делегацијата заминува на 7 мај, а во моментов во тек се последните подготовки за пробите, сценските движења и, се разбира, интерните договори за целото патување и престојот во Малмее, вели Мирковски, додавајќи дека главната цел на комплетниот тим е влез во големото финале закажано на 18 мај. Пред да се раздении, инаку премиерно ќе биде отпеана во склоп на втората евровизиска вечер на 16 мај.

Првата цел ни е да влеземе во финале и веруваме во тоа. Атмосферата во тимот е одлична, сите проблеми се надминаа и се си е во најдобар ред, па нема зошто да се грижиме освен за што подобро претставувањее, открива Мирковски, додавајќи оти мисли дека потегот со промената на песната не бил погрешен.

Галама ќе имаше и да не ја сменевме песната. Сепак, ја претставуваме Македонија, народот одлучи така, а ние само го послушавме гласот на народот и мислам дека не згрешивме. Не заради песната, туку заради волјата и желбите на народот.
Што се однесува до настапот и појавувањето на сцената во Малме Арената, освен Есма и Лозано и придружните вокали нема да има никој друг.

Есма, како и секогаш ќе има ексклузивна гардероба и, се разбира, препознатливиот турбан, Влатко, пак, ќе биде елегантен. Освен нив на бината ќе бидат уште и Нина Јанева и Елеонора Мустафовска како придружни вокали. Некоја посебна кореографија нема да има, туку само сценски движења кои, секако, ќе бидат прилагодени за настапот и песнатаа, вели Мирковски.
Македонската вечер, пак, е закажана на 13 мај и на неа освен што ќе биде претставена македонската евровизиска песна и вокалните способности на Есма и Лозано, присутните ќе можат да пробаат и дел од нашите традиционални јадења.

Exit mobile version