Лозано втор на радискиот фестивал

Влатко Лозаноски го освои второто место на македонскиот радиски фестивал – МАРС 2012. Лозано настапи со актуелниот хид „Нема ден, нема ноќ“. Влатко, кој е лански победник и беше фаворит на публиката собра 83 поени, 11 помалку пред овогодинешниот победник Димитар Андоновски кој победи со нумерата „Добро ме познаваш“. Третопласирана заврши Тамара со песната „Можеш ли“.