Одличен старт во лигата на шампионите

Одличен старт на лигата на шампионите, богат со голови и возбудувања. Најинтересно беше во Мадрид каде екипата на Реал Мадрид два пати се враќаше од негатива за на крај да извојува победа над Манчестер Сити. По релативно здодевно прво полувреме, во второто полувреме паднаа дури 5 голови. „Граѓаните“ поведоа со голот на Џеко во ’69 минута за Марсело од Реал да израмни само 7 минути подоцна, во ’76 минута. Потоа Александар Коларов го замолкна Сантијаго Бернабеу во ’86 минута, но за многу кратко бидејќи реал преку Карим Бензема израмни една минута подоцна. И кога изгледаше дека бодовите ќе бидат поделени, Кристијано Роналдо ја запечати судбината постигнувајќи гол во последната минута. Со ова се заборавија сите лоши натпревари кои Реал Мадрид ги одигра претходниве недели во „Примера“.

Не заборавајте да го прогнозирате победникот на анкетата.

На останатите натпревари беа постигнати следните резултати:

А група: Динамо Загреб – Порто 0:2, ПСЖ – Динамо Киев 4:1;

Б група: Монпеље – Арсенал 1:2, Олимпијакос – Шалке 1:2;

Ц група: Милан – Андерлехт 0:0 и Малага – Зенит 3:0.

Вечерва се играат другите осум натпревари од 1.коло, а европскиот шампион Челзи го пречекува Јувентус. Останатите двојки се:

Е група: Челзи – Јувентус и Шахтјор – Нордсјеланд;

Ф група: Лил – БАТЕ Борисов и Баерн – Валенсија;

Г група: Барселона – Спартак Москва и Селтик – Бенфика;

Х група: Манчестер Јунајтед – Галатасарај и Брага – Клуж.

Почетокот на сите натпревари е во 20 часот и 45 минути.

Exit mobile version