Јувентус се врати по негатива од два гола, Барса се вадеше со Спартак. Доминација на источните екипи

Во втората вечер од првото коло натпревари на лигата на шампионите, великаните Челзи и Јувентус ремизираа на Стемфорд Бриџ во еден интересен натпревар. По негатива од два гола за две минути Кои ги даде Оскар за Челзи во 31′ и 33′ минута, „Старата Дама“ не дозволи да падне и се врати во игра по 5 минути со голот на Артуро Видал во 38′ минута. Со тој резултат се замина на полувреме. Во интересно второ полувреме проследено со могу шанси и стативи за Јувентус, израмнувачкиот гол го постигна Фабио Квараљела во 80′ минута.

Голови и шанси:

Особено интересен натпревар беше Барселона – Спартак Москва. Откако Барса поведе со 1:0, во 29′ минута Дени Алвеш постигна автогол за 1:1. Со тој резултат се замина на полувреме. Во второто полувреме московјаните поведоа во 58′ минута со 1:2. Во 72′ минута Лионел Меси израмни на 2:2 за десет минути подоцна истиот играч до го постигне победоносниот гол. Со 3:2 Барселона ги освои првите 3 бода во групата Г.

Голови и шанси:

Карактеристично за ова коло беше доминацијата на источните екипи кои доминираа на натпреварите. Ништо чудно некоја од нив да изненади во продолжението на натпреварите. Прогнозирајте го вашиот фаворит.

На останатите натпревари се постигнаа следните резултати:

Е група: Шахтјор Доњецк – Нордсјеланд 2:0.

Ф група: Баерн Минхен – Валенсија 2:1, Лил – БАТЕ Борисов 1:3;

Г група: Селтик – Бенфика 0:0;

Х група: Брага – Клуж 0:2 и Манчестер Јунајтед – Галатасарај 1:0.

На натпреварите одиграни во вторникот:

А група: Динамо Загреб – Порто 0:2, ПСЖ – Динамо Киев 4:1;

Б група: Монпеље – Арсенал 1:2, Олимпијакос – Шалке 1:2;

Ц група: Милан – Андерлехт 0:0, Малага – Зенит 3:0;

Д група: Реал Мадрид – Манчестер Сити 3:2 и Борусија Дортмунд – Ајакс 1:0