Лустриран поранешен директор на училиште во Зајас

Како што информираат од Комисијата за лустрација, лицето било поранешен директор на централното основно училиште во селото Зајас и работело под псевдонимот „Љубен“. Уште како студент ова лице давало информации во Приштина за студенти – учесници на косовските демонстрации од идеолошко – политички и партиски причини. Зад него, посочуваат од Комисијата, има повеќе од 30 документи со кои недвосмислено се потврдува соработката.

Комисијата за лустрација во текот на вчерашниот ден прогласи уште две лица за соработници со тајните служби од идеолошко-политички причини.

Exit mobile version