Маж загина откако автомобилот му излетал на патот Кичево – Гостивар

Маж со се уште неутврден идентитет и возраст го загубил животот, откако претходно слетал во длабока провалија на патот Гостивар-Кичево во близина на каменоломите.

Од првичните информции на СВР Тетово, возило „шкода октавија” излетало од коловозот и паднало во провалијата од десната страна. По пријавата, полициски службници излегле на лице место и констатирале дека едно лице во возилото е починато имало тешки повреди по телото.

Засега не е познат идентитетот ниту возраста на починатиот маж. Во тек е увид и се работи на расветлување на поединостите одколу случајот.

Exit mobile version