Кичевските бизнисмени информирани за кредитните линии на МБПР и ФИТР

Стопанската комора на Македонија – Регионална комора во Кичево во соработка со Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и Фондот за инивации и технолошки развој (ФИТР) денеска ги презентира пред кичевските бизнисмени кредитните лини на двете финансиски институции, поволностите што ги нудат и начините за аплицирање.

Можностите што ги нуди Македонската банка за поддршка на развојот ги презентира Виктор Калајџиски кој рече дека се тука за да им објаснат на локалните бизнисмени како може полесно да дојдат  до кредит.

– На тој начин ќе им помогнеме на локалните заинтресирани претпријатија со што, пак, индиректно ќе помогнеме на локалниот развој и на отворањето нови работни места, истакна Калајџиски.

Презентација на можностите за финанцирање од страна на Фондот за иноваци и технолошки развој изврши Ктерина Кречова која истакна дека преку овој фонд ќе се кредитират оние фирми кои имат идеи за иноваци.

Локалните бизнисмени покажаа задоволителен интерес за презентацијата иако можностите за кредитирање од страна на овие две финансиски институции се многу поголеми од она што во моментов се искористува од бизнисмените.