Во Кичево презентиран проект „Меѓуетничка интеграција во образованието“

Во домот на културата во Кичево денеска беше презентиран проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“, инициран од УСАИД.

Проектот, во вредност од околу 5,2 милиони американски долари, финансиран од УСАИД, предвидено е да трае четири години, а целта е подигање на свеста кај сите инволвирани во образуванието. Четирите главни компоненти на проектот се информирање на јавноста и заедниците, обука на наставниците, раководителите и обука на самите директори на училиштата.

На презентацијата на проектот пред присутните говореше раководителот на секторот за образование во општина Кичево Саније Садику, која меѓу другото изрази задоволство што ќе се реализира овој проект, кој, подвлече, ќе помогне за подобрување на меѓуетничките односи во Кичево.

Exit mobile version