Меѓународен детски фолклорен фестивал „Кичево 2013“

Во деновите од 12-16 август, во Кичево по девети пат ќе се одржи Меѓународниот детски фолклорен фестивал.Организатор на овој фестивал е КУД„ Младост“ Кичево, кој ќе биде воедно и домаќин на друштвата кои ќе гостуваат на истиот.
-Од 12-16 август во нашиот град ќе го организираме традиционалниот Меѓународен детски фолклорен фестивал, кој годинава ќе го прослави деветиот роденден.На годинешниот фестивал ќе учевствуваат повеќе друштва од странство и тоа КУД„ Драч“ од Драч , КУД „ Врело“ од Раковац Србија,„Искрица“ од Софија и две друштва од Добој, БИХ.
Покрај друштвата од странство, на фестивалот ќе учевствуваат и локалните друштва Рацин,Нико Пусоски и  Бисер,Друштвото на Албанците од Кичево,потоа друштвото Шарски води од Тетово , како и едно друштво од Скопје.Друштвата ќе се престават пред кичевската публика во деновите 13,14 и 15 а програмата ќе се одвива пред Центарот за култура„ Кочо Рацин“ со почеток во 20 часот.Пристигањето на фолклористите се очекува на 12 август а нивното заминување од градот ќе биде на 16 овој месец-рече Зоран Јовески,претседател на КУД„ Младост“,организатор на фестивалот , за  чија организација  со финансика помош придонесе и Општина Кичево.
Зоран Антоски-Кичево
Exit mobile version