Каратистот Милошевски со нов успех – стана балкански карате судија

Дејан Милошевски за кого пишувавме минатата недела, бележи нов успех во својата кариера. Имено, минатиот викенд во Крагујевац, Р. Србија се одржа Балканскиот шампионат во карате каде Милошески положи за балкански карате судија.

– Голема благодарност до претседателот на карате федерацијата на Република Македонија, г-дин Драган Стојановски и до претседателот на судската комисија г-дин Благој Атанасов за искажаната доверба во мене. Ова претставува големо искуство за мене и голем предизвик да продолжам и понатаму да се усовршувам. Воедно им честитам на сите репрезентативци што освоија голем број на медаљи и ја рангираа Македонија на 3-то место на ранг листата во вкупен број на освоени медаљи – вели Милошевски.

 

На шампионатот учествуваа повеќе од 1600 натпреварувачи од 16 земји.

Exit mobile version