Милошевски со лиценца за Европски судија во карате
На 11. Европско екипно првенство за региони, што се одржа изминатиов викенд во Херцег Нови (Црна Гора) нашиот карате мајстор Дејан Милошевски положи за Европски карате судија за кати и борби.
“Ми претставува голема чест што Кичево за прв пат доби Европски карате судија. Ова беше голем предизвик за мене, мојата желба и вложениот труд ми донесоа нов успех во мојата кариера. Голема благодарност до мојот ментор, г-дин Примож Дебенак, до претседателот на карате федерацијата на Република Македонија, г-дин Драган Стојановски и до сите други што ми помогнаа и што веруваа во мене.” – истакна Милошевски