„Мирисот на огнот“ од кичевчанецот Никола Илијоски добитник на награда за најдобар расказ

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола ги објави наградените автори кои учестуваа на Конкурсот за краток расказ на слободна тема. Конкурсот и наградата е именувана по битолскиот писател и драмски автор Владимир Костов.

Во категоријата студенти награден е расказот со наслов „Мирисот на огнот“ од авторот Никола Илијоски, студент на Правен факултет – Кичево, додека во категоријата вработени  наградата ја доби Гордана Стојаноска, асистент на  Педагошкиот факултет во Битола, авторка на расказот „Русите коси во снегот“.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола распиша и Конкурс за најдобар  истражувачки труд и најдобар есеј, а право на учество имаат студенти на прв циклус студии во академската 2012/2013 година.

Конкурсот ќе трае до 30 септември, а за најдобрите есеи и најдобрите истражувачки трудови ќе бидат доделени плакети и три парични награди од 10.000, 15.000 и 20.000 денари, информираат од секторот за односи со јавност при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.

Exit mobile version