Промовирана монографијата за манастирот Богородица Пречиста Кичевска

Утрово во манастирот Манастир Богородица Пречиста беше промовирана монографијата за манастирот. Автор на монографијата е Д-р. Сашо Цветковски.

Во неа се разработува историскиот континуитет на манастирот од неговите најрани почетоци, духовната, просветителската улога како и уметничката димензија на фреските и иконите во манастирот. Фрла светлина на подалечното минато и го разработува периодот од првите векови на манастирот и на останатите манастири кои претставувале јадро на Охридската архиепископија.

Монографијата содржи досега необјавени и непознати факти за манастирот.

Промотор на книгата беше Академик Цветин Грозданов.

Цената од само 150 денари е повеќе од пристапна за да се има ова значајно дело во сечија библиотека.

Exit mobile version