ФОТО: Репортажа од село Мраморец

На покана на селскиот црковен одбор од село Мраморец (Горна Дебарца), здружението од село Белица беше почесен гостин на големиот настан – осветување на возобновената црква Свети Никола. Двете села се на падините на иста планина, но од спротивна страна. Во минатото делеле добро и лошо.

Мраморец е живописно село, богато со шуми, вода, чешми и убава традиционална македонска архитектура. Има богата историја која допира во далечното минато. Доживеало бурни времиња за време на Илинденската епопеја и Втората светска Војна кога е двапати запалено до темел. Но она што не успеале да го уништат војните, го уништила емиграцијата. Пред десетина години останале само 8 жители…

Мраморчани се раселени насекаде низ светот. Ама, ете, не ја заборавиле родната грутка. Ги гледаат неговите потенцијали па полека создаваат услови да не замре местото. Нивната среќа што го возобновиле стариот храм ја споделија со своите соседи.

Инвестираат во своето село. Сега црквата, претходно летрна трпезарија со фурна, чешми, фонтани, водопади, живописни мостчиња, канали за наводнување…  Низ селските улици нема нити еден отпадок. Го чуваат чисто за следните поколенија.

На осветувањето на црквата присуствувал дебарско-кичевскиот Владика Тимотеј, а збор зел и Раде Момироски од здружението од Белица кои прават напори да се возобнови старата црква посветена на Свети Александар, единствена ваква во Македонија. Благодарение на Раде Момироски и ги пренесуваме овие фотографии.

Exit mobile version