На 10-ти февруари оркестарот на МРТВ ќе се трка за Греми награда!

Камерниот оркестар на Македонската Радио Телевизија е изведувачот на саундтракот на играта „Jorney“ на Play Station кој е номиниран за Греми награда. За првпат во 55 годишното постоење на наградите номиниран е саундтрак од видео игра.

Композитор е Остин Винтори, кој изведбата на камерниот оркестар на МРТ ја следел преку Скајп.  „Jorney“ на 10-ти февруари ќе се бори против филмските композитори Хауард Шор („Hugo“), Ханс Цимер („The Dark Knight Rises“) и Џон Вилијамс („Tintin“)

Саундтракот на „Journey“ стана најдобро рангираниот саундтрак на видео игра на сите времиња, и веќе има една награда зад себе за „најдобар оригинален саундтрак“ на доделувањето на Spike TV Video Game Awards.

55 јубилејни Греми награди ќе се доделат на 10-ти февруари во Staples Center во Лос Анџелес. Стискаме палци! Секоја чест за изведбата.