Сопругот нуди 5000 евра награда за информација за исчезнатата жена во Кичево
Сопругот на исчезнатата Валери од 25 јули нуди награда од 5.000 евра за оној кој има информација каде се наоѓа неговата сопруга.
Очајниот сопруг во изјава за медиумите вели дека тешко го поднесува нејзиното отсуство, но повеќе не може да остане во Македонија.
Тој додава дека мора да се врати во Франција за да продолжи со заостанатите обврски, но и со средување на документација која таму треба да ја достави за нејзиното исчезнување.
Во врска со овој случај, Министерството за внатрешни работи ги презема сите мерки и ја проверува секоја добиена информација, но засега се уште нема ни трага ни глас од Валери.
За нејзиното исчезнување известена е и француската амбасада во Македонија, која е во постојана комуникација со полицијата за размена на информации.