Најважен меч за Напредок сезонава

Прошталниот натпревар пред своите гледачи, се чини е најважниот за екипата на Напредок во оваа првенствена сезона,бидејќи само победа во дуелот со Брегалница ги остава сино-белите во позиција да останат во лигата без дополнителен бараж натпревар, под услов ако и останатите конкуренти Дрита и Пелистер не остварат поповолни резултати.

Некомплетниот состав на Напредок без Вељаноски, Најдоски, Костенцоски, Василев и Ристески ќе има голем предизвик во штипскиот прволигаш, екипа која уште минатото првенствено коло осигура позиција на табелата, која ги остава штипјани во безбедната зона на табелата.

-Иако екипата на Брегалница е многу квалитетен состав, наша обврска е да го добиеме овој натпревар и со поволен развој на резултатите на средбите на нашите противници Дрита и Пелистер,поточно нивни порази, шансата без дополнителен натпревар да останеме во лигата се сосема реални – рече Драган Бочески, тренерот на Напредок.

Текст и фото:  Зоран Антоски