Поглед кон Кичево – фотографија од пред повеќе од 100 години

Фотографијата е направена пред повеќе од 100 години во близина на местото каде денес е друговскиот мост на Велика река (Треска). Во позадина се гледа Илиница. Ова е првата „средба“ на обичниот патник со Кичево. Глетката не се променила многу оттогаш до денес. Од десна страна е стариот пат кој водел од Битола и Дебар кон Кичево, обично „џаде“. Крај него е Велика река, а од лева страна е селото Другово. Во старо време бил голем проблем да се дојде до Кичево поради тоа што луѓето морале да ја поминат реката, а мостови скоро и да немало. Доаѓањето на пазарен ден пред еден век бил  и своевиден ризик по сопствениот живот поради разбојничките банди кои го крстосувале регионот и особено патиштата како овој, со кои ни турската власт неможела да се справи.