Нападнат и ограбен таксист

На патот кон село Раштани во Кичево, вчера околу 18.45 часот две непознати лица кои побарале такси услуга од компанијата „Сити“, со закана со нож извршиле разбојништво над А.М.(27) од Кичево. Притоа му одзеле околу 1.800 денари. МВР презема мерки за откривање на сторителот.