Утре Напредок го пречекува Пелистер

Утре екипата на Напредок го пречекува секогаш незгодниот битолски Пелистер. Со евентуална победа, Напредок е на добар пат да се искачи на третото место каде моментално се наоѓа тетовска Шкендија која утре има тешко гостување во Скопје против Работнички.

Неофицијално, најавено е доаѓање на навивачите на Пелистер, Чкембарите. Очекуваме одлична посетеност и добар фудбал на градскиот стадион. Натпреварот започнува во 13 часот.