Напредок се подготвува за игра без класичен шпиц

Откако Марко Симоновски се врати во матичниот клуб Металург, Напредок остана без квалитетен напаѓач и во екот на подготовките кичевци се во интензивна потрага по заменик на досегашниот центарфор.

Во тој поглед тренерот на Напредок, Драган Бочевски, е конкретен и вели дека на неговата екипа ѝ е потребен напаѓач, но не по секоја цена.

– И на клупската управа ѝ предочив каков профил на фудбалер ни е потребен, дури и со име и презиме посочив неколку напаѓачи, кои би влегле во потенцијалниот избор за центарфор. Но и ако не се најде напаѓач со посакуваните карактеристики, напролет ќе го промениме начинот на игра, ќе се обидеме во стилот „а ла Барселона“, да напаѓаме со повеќе играчи, без класичен шпиц, до кој претходно се дистрибуираа сите топки. Токму затоа на подготовките големо внимание ќе обрнеме на оваа формација, без класичен шпиц – рече Бочески.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија