Во Напредок пристигна и Борче Ристески од екипата на Тетекс

Проблемите со ахиловата тетива на искусниот Кирил Степановски, ги присили челниците на Напредок во екот на зимските подготовки да доведат уште едно засилување во своите редови.

Така што по Димоски и Мирчески, третата аквизиција кај кичевски Напредок оваа зима е Борче Ристески, страничен играч за врска, кој во таборот на сино-белите пристигна од екипата на Тетекс, а претходно има настапувано и за други клубови во земјава и странство.

-Ристески е исклучително квалитетен страничен играч, кој сметаме дека ќе биде адекватна замена за повредениот Степановски, чие враќање на зелениот терен засега е неизвесно.Во секој случај еден вака искусен фудбалер кој настапувал за повеќе екипи како дома така и надвор, ни е добредојден, бидејќи позицијата на која настапува ни беше доста ранлива во финишот од есенскиот дел од сезоната.Засилената конкуренција за сите позиции во тимот, ќе го подигне квалитетот на нашите игри во пролетниот дел од сезоната, кога се креира конечниот пласман на табелата-рече Драган Бочевски, тренерот на Напредок.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk