Напредок пред тежок испит против Брегалница

Вториот домашен натпревар екипата на Напредок ќе го одигра утре, кога под Илиница гостува екипата на Брегалница. Напредок без Петрески и Цветаноски во својот состав, но со огромна желба за успех го очекува овој дерби дуел.
Секако  дека сино –белите очекуваат помош и од својот 12 – ти играч публиката , која во последно време не го дава својот целосен удел во добрите резултати на Напредок.Со победа Напредок ќе направи значаен исчекор кон средината на табелата.Затоа сите на стадион во 17 и 30 часот .Напред Напредок.
Текст и фото: Зоран Антоски