Напредок се истури врз Гоствар

Кога беше најважно екипата на Напредок одигра и квалитетно и ефикасно и токму таквата игра му го донесе денешниот резултат.
 Составот на Напредок му одржа час по модерен фудбал на својот противник од Гостивар.Сино-белите победија со 3:0 со  головите на Цветаноски во 24,Кркелиќ-34 и Мојсоски-83 минута.Покрај трите погодоци екипата на Напредок барем уште во толку наврати можеше да ја затресе противничката мрежа.Инаку на овој мечдеби на Гразд Михајлов и гол првенец на црногорецот Кркелиќ.
-Ова е вистинскиот Напредок кој знае да игра фудбал,да дава голови и да постигнува добри резултати.Оваа победа ни беше преку потребна за да ја вратиме вербата во сопствените квалитети и да направиме исчекор на првенствената табела-рече најдобриот играч на натпреварот Тони Вељаноски.
Фото и текст: Зоран Антоски
Exit mobile version