Напредок лут на судијата Мечкароски

Ни по три дена од одигрувањето на првенствениот фудбалски натпревар Силекс – Напредок (0-0), во таборот на кичевскиот прволигаш не минува лутината кон судијата со знакот на ФИФА, Димитар Мечкаровски од Скопје. Според нив, во Kратово имало тенденциозно делење на правдата на штета на нивниот клуб.

Напредок побара да се погледне касетата од натпреварот за да се донесе дефинитивен заклучок каде погрешил главниот судија, кој на овој меч исклучи тројца фудбалери од редовите на кичевскиот прволигаш, а досуди пенал за домашниот состав.

– Во договор со првиот човек на ФФМ, денеска ќе се гледа касетата во присуство и на наш претставник. Главните забелешки се однесуваат на црвениот картон на Василев уште во 20. секунда од натпреварот, потоа недосудениот пенал – вели спортскиот директор Kочо Зердески.

Според кичевци, Напредок не е оштетен само на средбата со Силекс, туку ќе биде хендикепиран и на натпреварот со Тетекс следниот викенд бидејќи во екипата ќе нема тројца фудбалери од стартниот состав.

Зоран Антоски

Извор: Дневник

Exit mobile version