Десеткуваниот Напредок изигра реми

Ниту тешкиот и замрзнат терен, не ги обесхрабри екипите на Напредок и Металург да одиграат исклучително борбен и квалитетен натпревар.Напредок без неколкумина стартери, кои поради повреди не настапија на овој натпревар, не беше инфериорен противник,напротив сино-белите во поголемиот дел од мечот ја контролираа играта и со малку поголема концентрација во завршницата можеа да освојат и цел плен.

Резултатот беше откриен во 28 минута кога гостите преку Стевановиќ поведоа со 1:0.Акцијата ја поведе Аломеровиќ по левата страна, во вистински момент го проигра слободниот Стевановиќ кој со одмерен удар ја затресе мрежата на Напредок и му донесе водство на гостинот од Скопје.Во првиот дел ги бележиме шансите на Мазнов за гостинската екипа и Цветаноски за Напредок, но и во двата наврати без реализација.Во вториот дел видовме вистинска опсада на голот на денес одличниот Павловиќ.Најдобрата шанса за израмнување ја пропушти Степановски во 65 минута, откако пребрзо биеше наместо во мрежата, во добро поставениот гостински голман.Потоа и гостите преку нововлезениот Нестороски во 78 минута опасно се заканија но Пашовски и овојпат беше на своето место.Покрај овие прилики Напредок имаше безброј нафралања и полушанси пред противничкиот гол, но изостана најважниот сегмент , погодок во гостинската мрежа.И кога сите помислија дека бодовите ќе заминат за Скопје,Маркоски во 87 минута со прецизен удар од 18 метри ја затресе гостинската мрежа и го постигна конечниот резултат 1:1.

Захариески:По водството имавме уште неколку прилики да постигнеме и втор гол ,но за жал не успеавме.Во второт полувреме домаќинот имаше повеќе од играта и повеќе прилики за гол од кои една искористи, и мислам дека ремито е најправедн исход на овој дерби натпревар.

Бочевски:Бодовите беа многу важни за двете екипи.Ние и покрај некомплетниот состав и водството на гостите, успеавме и играчки и резултатски да се вратиме и на крај можеме да жалиме зошто не го освоивме и цел плен.Затоа што според играта,поседот на топката и создадените прилики, Напредок заслужи како победник да го напушти завршниот годинешен натпревар.Сите актери заслужуваат голема пофалба за своето залагање на овој исклучително тежок терен за игра.

Дури ни ваквото време не беше пречка, на стадионот под Илиница да се соберат околу 1000гледачи.

Зоран Антоски

Извор: www.sportefe.com.mk