Последно коло од есенскиот дел: Напредок – Металург

Утре со почеток во 13 часот на градскиот стадион во Кичево екипата на Напредок го пречекува Металург. Ова е последна утакмица од есенскиот дел на ПМФЛ. Металург ни е должник, па утре одиме на победа која ќе ги зацврсти позициите на Напредок за атак на титулата напролет.

Моментално и двете екипи имаат ист број на бодови и заостануваат два, односно пет бода зад второпласираната екипа на Турново, односно првопласираниот Вардар.

Затоа утре во што поголем број да ги поддржиме нашите момци, го заслужија тоа!

Во денешните два натпревари Работнички беше подобар од Брегалница со 3-1, а Ренова и Пелистер одиграа без голови, 0-0. Со утрешните натпревари се комплетира есенскиот дел на Првата Македонска Фудбалска Лига. Пролетниот дел започнува на трети март.

 

Exit mobile version