Напредок денес ја отвора подготвителната летна серија

Денес со почеток во 17:30 часот, на градскиот стадион во Кичево, ќе биде првиот собир на фудбалерите на Напредок, а тоа ќе значи и старт на летните подготовки.

За прв пат по речиси цела деценија ,првата прозивка ќе ја изврши новиот кормилар на Напредок Гордан Здравков, кој летово го замени на клупата  на кичевчани долгогодишниот стратег на Напредок, Драган Бочески.

Во првите 10-ина дена екипата ќе работи на својoт стадион во Кичево и, според најавите од управата  погонот на Напредок само повремено би иузлегувал од градот за пријателски контролни натпревари. Засега и официјално Напредок доби две летни засилувања во довчерашните фудбалери на Пелистер, Тони Велјаноски и Пеце
Коруновски.

Се уште не е јасно дали со сино- белите ќе продолжат Филип Најдовски и Марко Костенцовски, бидејќи и двајцата најавуваат заминување од клубот. Но од Напредок велат дека, Костенцовски и Најдовски можат да го
напуштат Напредок ако нивниот нов клуб го плати пропишаниот надомест. Костурот
на екипата е тука, желбата за докажување огромна, така што сите во градот  под Илиница очекуваат Напредок да ја репризира супер успешната есен 2012.

Tекст и фото: Зоран Антоски