И во втората контрола Напредок одигра нерешено

И на вториот контролен натпревар што денес се одигра во Кичево, Напредок одигра нерешено 3:3, а противник му беше повратникот во прволигашкото друштво, екипата на Македонија Ѓ.П.

За разлика од првиот меч со Зајас, на овој натпревар Напредок успеа дури во 3 наврати да ја затресе противничката мрежа, но исто толку пати и гостинот од Ѓорче Петров успеа да реализира за на крајот мечот да заврши мирољубиво 3:3.

Напредок поведе во 26 м преку Клечкароски, Николовски израмни во 39 минута, во 58 минута преку Вренцоски домаќинот поведе со 2:1, а во 77 минута преку Цветаноски и со 3:1. Гостите во самиот финиш преку М.Христов во 83 намалија на 3:2, а во 85 преку С.Христов од пенал, го израмнија резултатот на 3:3. Во сабота Напредок ја има и третата контрола и повторно пред своите гледачи, а ќе му спаригнува екипата на Руфеја.

Зоран Антоски