Стадионот на Напредок под вода

Откако обилните врнежи од дожд, добро ги натопија со вода терените на Напредок во Кичево,клубот експресно најде ново решение, каде што деновиве ќе ги одработува редовните тренинзи, пред најважниот дел од сезоната кога се дефинира конечниот пласман на табелата.

-Соочени со високиот водостој на нашиот терен, бевме приморани да побараме алтернативно решение, каде ќе можеме да работиме во наредните неколку дена. Како преодно решение го обезбедивме теренот во„ СРЦ Крушино”, каде ќе работиме во следните три дена. Тревникот во овој центар е сосема добар и можеме да кажеме дека сме направиле вистински избор за работа. Ова е важен период од подготовките, кога треба да ја ставиме завршната глазура на нашата форма, бидејќи овој викенд не очекува тешко гостување кај Брегалница во Штип.Што се однесува до играчкиот состав, имаме проблеми со повредата на Петрески и вирозата на Симјаноски.Очекуваме барем еден од нив да биде целосно подготвен, и да го имаме во составот за првиот натпревар во пролетната полусезона-рече Драган Бочески,тренерот на Напредок.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk

Exit mobile version