Напредок во 1/8 од купот за противник ја доби екипата на Гостивар

По синоќешната жрепка екипата на Напредок го доби својот противник во 1/8 од купот на Македонија.  Сино белите во два наврати ќе ги одмерат силите со новиот прволигаш Гостивар, екипа која ја совладаа претходниот викед со високи 3:0.
Во овој круг се игра во два натпревари, а првиот меч ќе се одигра во Гостивар на 18-ти септември, а седум дена потоа или на 25-ти септември ќе биде и реваншот во Кичево, по што ќе се добие победникот од овој двобој.
– Шансите за пласман во наредното коло од купот се изгледни, бидејќи ги познаваме квалитетите на екипата на Гостивар, ја совладавме пред две првенствени кола, а и вториот натпревар го играме како домаќини- рече Борјан Јовановски, голманот на Напредок.
Зоран Антоски