Напредок против Работнички ја брка првата домашна победа

Да не се повтори мечот со Шкендија

Распоредот одлучи Напредок овааполусезона и втор пат да биде домаќин на екипата на Работнички.По поразот на претходниот меч во Кичево од 2-0, Напредок очајно посакува реванш ,и воедно против скопскиот прволигаш ја брка првата домашна победа оваа пролет.

Во составот на Напредок на овој дуел ќе ги нема казнетиот Цветаноски , повредениот Костенцоски и недоволно подготвениот Ристески.Тренерот Бочески очекува тежок и неизвесен натпревар.

-Работнички во Кичево отсекогаш играл како дома и за нив теренот под Илиница е омилено место за игра.Ние со неколку отсуства во стартниот состав  и со лоша серија резултати, го очекуваме можеби најважниот натпревар оваа полусезона- рече кормиларот на Напредок.

Зоран Антоски

Exit mobile version