Може ли Напредок да ги загипсира тетовчани

Серијата порази ја доведоа екипата на Напредок во позиција да се бори за гол прволигашки живот. Крајно неповолната серија се должи пред се на порозната одбрана и тенденциозната арбитража на повеќето судии, на штета на кичевскиот прволигаш.
Напредок втора недела по ред игра на гостински терен, овој пат против секогаш непријатниот првотивник, екипата на Ренова.
оже ли кичевскиот прволигаш да ги загипсира тетовчани, побаравме одговор од капитенот Дејан Цветаноски.
– Можам слободно да се пофалам дека на госстувањата играме можеби и подобро отколку дома, но малерите предизвикани од слабата реализација и тенденциозното судење на наша штета, не доведоа во ситуација да се најдеме на самото дно на табелата.
Ренова е силен, квалитетен и искусен состав, кој по традиција против нас секогаш игра добро. Независнно од овие факти, во Тетово одиме да се надигруваме и очекувам конечно и резултатски нашата добра игра  да ја  валоризираме- вети Дејан Цветаноски, од чија игра ќе зависи и резултатот во Тетово.

Зоран Антоски

Exit mobile version