Напредок утре пред тежок меч со Шкендија во Тетово

Екипата на Напредок утре гостува во Тетово кај Шкендија во дербито од врвот. Напредок во Тетово патува по трите бодови кои би го зацврстиле на едно од првите три места на табелата во есенскиот дел.

Иако Шкендија е опасен противник, екипата има 2 лоши недели без победа, со еден пораз и една нерешена утакмица. Напредок има две победи по ред и утре оди на третата. Претходниот натпревар кој беше одигран во Кичево го доби Напредок (3:1) со брилијантна игра и дури 2 црвени картони за домаќините.

Вардар и Турново имаа тешки гостувања против Дрита и Брегалница. Почетокот на натпреварот е во 13 часот, а Македонската Радио Телевизија би требало да пренесува и директен пренос од утакмицата.

Exit mobile version