Напредок сруши лоша традиција

По 10 прволигашки сезони Напредок победи во Кратово

Сино-белите со цел плен се вратија од Кратово,експресно се рехабилитираа за домашното реми со Дрита и ја продолжија неизвесната трка за место кое води во Европа, со екипи кои се многи пореномирани од кичевскиот прволигаш.Сино-белите не се изненадени од остварениот резултат во Кратово , каде со проверена тактика очекувано дојдоа до трите бода.

-Навреме го постигнавме водечкиот погодок и тогаш поверувавме дека на овој натпревар можеме да ги освоиме и трите бода.По вториот погодок во 50 минута, повеќе не постоеше дилема дека сме на добар пат триумфално да го напуштиме Кратово.Не дека ова беше лесен натпревар за нас,туку вербата во соптвените сили ни даваше за право да веруваме во нашиот триумф, што на крајот и се оствари-рече Горан Пашовски, последниот бедем во напредоковата одбрана.

Дејан Цветаноски полека но сигурно се враќа во голгетерската форма и неговиот погодок во Кратово практично ја осигура победата на Напредок.

-Многу сум среќен што моите голови му носат бодови на Напредок.Полека но сигурно се враќам во голгетерската форма,а мојата добра игра и головите ќе придонесат Напредок првпат да се најде и во едно елитно европско натпреварување-рече Дејан Цветаноски,„црната кобра” во сино-белиот дрес.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk