Напредок започнува на 16-ти јануари

На 16 јануари погонот на Напредок ќе го има првиот годинешен собир, со што и официјално ќе започнат зимските подготовки на кичевскиот прволигаш, кои во најголем дел ќе се одвиваат на градскиот стадион во Кичево и една декада сино -белите ќе одработат крај Охридското Езеро.

-Идната среда ќе го имаме првиот годинешен собир, со што и официјално ќе ги стартуваме зимските подготовки.До крајот на овој месец ќе се подготвуваме на нашиот стадион во Кичево, додека од први февруари ппланираме една декада да одработиме во Охрид, каде и ќе ги започнеме контролните натпревари Според моја поценка ќе ги имаме 5-6 а како можни противници ќе ни бидат екипи кои зимава ќе се подготвуваат во Охрид а тука пред се мислам на домашните прволигаши и екипи од Србија-рече Драган Бочески,кормиларот на Напредок.

Што се однесува до потребните засилувања стратегот на Напредок со одговор:

-Засега имаме две засилувања Димоски-Металург и Мирчески 11 Октомври, неопходен ни е напаѓач, но ако не успееме да доведеме таков профил на фудбалер, ќе го промениме начинот на игра и во пролетниот дел ќе настапуваме без класичен сидраш во нападот.Би сакал да имаме и други засилувања, но во овој момент кадровската политика е препуштена на клупското раководство.Што се однесува до заминувањата засега можам да потврдам дека единствено Симоновски го напушти нашиот клуб.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk