ФОТО: Напредува изградбата на новите конаци на манастирот Света Богородица Пречиста

Со одлично темпо напредува изградбата на конаците во манастирот Света Богородица Пречиста крај Кичево. Темелите беа поставени на големиот верски и национален празник Св. Илија, на 2 август 2012 година, кога беа канонизирани Светите Пречистански Преподобномаченици.

Покрај конаците за скоро треба да почне изградбата на новата камбанарија.

Конаците се градат на местото на некогашните конаци кои изгореле во пожар кон средината на минатиот век, со што манастирот го враќа некогашниот сјај и го зголемува капацитетот за престој на сите добронамерници кои сакаат да го посетат ова духовно врело во кичевско.

Како изгледале некогашните конаци: