Нема спојување на денови за Нова Година и Божиќ!
За Новата 2015 година нема да има спојување на неработни денови, неработен ден ќе биде само 1 јануари четврток и 7 јануари среда – прв ден Божиќ.
Од кабинетот на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов велат дека кај нас не се предвидени спојувања на деновите за празниците.
– Согласно Законот за празниците на Р. Македонија, кај нас нема да има спојување на празниците околу Нова година и Божиќ – велат од кабинетот на министерот.