Не можат ни свеќи на покојните да им запалат од агресивните кучиња

Состојбата со кучињата-скитници во Кичево е толку загрижувачка, што за сите граѓани овие глутници претставуваат непремостлива пречка за нормална живеачка. Ги има насекаде каде што можат лесно да дојдат до храна, во дворовите на училиштата и градинките, до старите и нови градски гробишта, каде што се регистрирани голем број напади врз граѓани, кои револтирано раскажуваат за вистински кошмари што ги преживеале.

– Како и секој викенд така и претходната недела отидов да запалам свеќи на гробиштата на моите покојни родители. И таман си приближив до гробот да запалам свеќа, врз мене се нафрли огромно куче, кое ми создаде повеќе рани на нозете и сега се плашам повторно да појдам до гробиштата од овие напасници – вели Трајанка, повозрасна жена, преполна со трауми што ги доживеала.
Слично искуство имал и нејзиниот брат, кој бил цел на две кучиња, кои, како што раскажува, ако не прискокнеле на помош граѓани од соседните гробишта, жив ќе го изеделе.

Читај повеќе