Нестата шуплаа била (11)

Бела Кула

Ѓурѓовден во мојот град без музика во Бела Кула* = како маж или жена „без атрибути“… И секогаш за тие денови, музиката сранцка* Посебни припреми во денешниот пазар, ден пред Ѓурѓовден. Сите тезги тргнати настрана да не сметаат, направена импровизирана бина и оставена широчина за играње.

Сите Кичевчани, љубители по квалитетна музика, со посебни импресии за квалитетот на „увезените“ музичари. Сите музичари и групи кои во моментот нешто важеа во Ромскиот мелос, беа пазарени по три дена да свират за тие денови.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Во Турско време поминувале двајца охридски Турци низ „Бела Кула“ и кога виделе како малите деца си чукаат на голо меше како на тапанче, му се обратил едниот на другиот со зборовите: „Бак, бак бу Чингене дамари, даула истерди = Погледни, погледни, оваа Ромска жила, тапан сака“.

Камбер од Прилеп (можеби го превзел од Марко Цепенков) сакајќи да ја нагласи вродената музикалност кај Ромите велеше: „Кој разбират (Ние Ромиве) музика, комарецот саз му е, ама кој не разбират, чифт зурли и тапани малку му се“ !!!

Сметајќи се себеси како добар музичар, еден од канашиве* направил, голема, тешка свадба со сите адети и нишани. Музика цел ден, јадење, пиење директно од гајби во неговиот сокак. Веселба, џумбуш невиден за сите, а зетов со усул одлачен на проба со невестата, ама едно време покасното во вечерта, излегува тој од дома, целиот в паничен, зајапурен и директ на импровизираната бина пред неговата куќа: – „Музиката одма да прекинет, пивата да се испијат, гајбите да се искршат ……НЕСТАТА ШУПЛАА БИЛА“ ……

P.S. Се слушна после муабет, се правдал: „Не ми е за ништо криво, само малку на мастраф ме кладе шуплаата“ …………….

Бела Кула* – населба во Кичево, населена исклучиво со Роми. Сранцка* = во разговорниот јазик кај Кичевските Роми, секоја музика однадвор, макар било тоа и 5 километри од Кичево, е означувана како странска ! Канашиве* – Во јазикот на Кичевските Роми = кај нас, описно од „Бела Кула“.

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Exit mobile version