Пропадна и последниот тендер за рудникот Тајмиште

Иако од„ АД Тајмиште“ очекуваа како најдобри понудувачи да го добијат под концесија рудникот за железо Тајмиште, сепак тендерот од 26 октомври е поништен и наскоро ќе биде објавен нов јавен повик за најголемиот рудник за железо во земјава.

Од наша страна беа исполнети сите предуслови .Навремено аплициравме за добивање концесија за рудникот  ,доставивме најдобра финансиска понуда и конкретна програма.Но Министерството за економија го поништи овој тендер, бидејќи сме биле единствениот понудувач за рудникот ,што не е во согласност со тендерските правила, и било неопходно барем две компании да се јават на тендерот .
Наскоро се очекува да биде објавен нов јавен повик на кој се очекуваат повеќе интересенти-информира по малку разочарано,првиот човек на менаџментот на„ АД Тајмиште“, Владо Толески.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија