Се поставува нов асвалт на превојот Стража

Oд 29.08 на патниот правец А2 Гостивар-Кичево на планинскиот превој Стража од 1 до 1,5 км во правец на Кичево се изведуваат асфалтерски работи. Извршувањето на работите нема да има влијание при движењето на возилата и истите ќе се изведуваат во работните денови најчесто од 08:00-15:00 или 16:00 часот.

Режимите за сообраќај на тешките товарни возила на државните патишта во РМ се завршени.

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози.

Exit mobile version