Нов лик на кичевската гимназија

Откако летоска во ОСУ „Мирко Милески“ во Кичево беше заменет азбестниот со пластифициран еколошки здрав покрив, наскоро ова училиште ќе добие и нова ограда, а дворот ќе биде поплочен со бекатон-плочки.

Со тоа ќе се комплетира партерното уредување на најголемото средно училиште во земјава, во кое наставата ја посетуваат над 2.500 ученици. За нецел месец училишната зграда ќе добие и нова фасада, со средства од Министерството за образование, со што комплетно ќе биде подновен објектот, кој почна со работа во далечната 1955 година.

Со новата фасада се очекува да се подобри и енергетската ефикасност на објектот.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија