Познат прволигашки стопер ќе пристигне во Напредок

За разлика од информациите што кружат низ спортските кулоари, дека зимава од Напредок заминуваат повеќе стартери и дека екипата во пролетниот дел ќе биде значително ослабена, од канцеларијата на кичевскиот прволигаш доаѓаат сосема спротивни информации.

– Напредок не е желботека на одделни клубови, туку спортски колектив со сопствени амбиции и политики. Сите информации од одредени кругови се произволни, непроверени и во најголем дел неточни. Не само што нема да бидеме послаби во пролетниот дел туку ќе бидеме и играчки многу посилни. За тоа најдобра потврда ќе бидат неколкуте нови играчи што зимава ќе го засилат нашиот состав. Во поодмината фаза се договорите со еден познат прволигашки стопер, чие доаѓање во Напредок ќе биде потврдено до крајот на годинава. Исто така, нашиот клуб ќе обезбеди и тројца прволигашки фудбалери, по еден за нападот, средниот ред и за одбраната, така што квалитетно засилени и играчки екипирани ќе го дочекаме пролетниот дел од сезоната – рече Кочо Зердески, спортскиот директор на Напредок.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Exit mobile version