Нов успех на кичевските извидници од „Мирко Милески“

Извидничкиот одред „Мирко Милески“ од Кичево изминатиот викенд гостуваше на Државниот Извиднички Ориентационен Натпревар. На натпреварот  настапи со преку 40 членови од сите категории.Помладите извидници се здобија со прво, второ и трето место, а женската екипа од категорија Извидници се здоби со трето место.