Нова Година на кичевскиот плоштад?
Кичево досега никогаш не ја пречекало новата година со забава на плоштад. Кичевчани вообичаено се собираат по кафиќи, кафани или дома. Идејата е стара, можеби оваа година треба да се реализира. Зошто да не би слушнале нашите пејачи (забавни и народни) и DJ-и? Низ добро дружење може да си приредиме спектакуларен пречек за паметење. Што мислите? Гласајте, а вашите размислувања оставете ги подолу.
