Најавена нова инвестиција во Кичево со 800 вработувања

Во кичевската технолошко-индустриска зона покрај постоечката фабрика на Џојсон (поранешна КСС) со градба ќе започне нова фабрика чие име засега се држи во тајност. 

Според најавите, во овој капацитет ќе се вработат околу 800 лица. Новата фабрика ќе биде од областа на автомобилската индустрија.

Заедно со Џојсон (КСС), во ТИРЗ Кичево ќе работат околу 2000 лица.