30 дечиња од Волино, Дебарца, ќе учат во ново училиште

Денес, министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, заедно со градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски, пушти во употреба монтажно училиште во селото Волино, во кое ќе учат околу 30 деца.

– Ова е доста значаен објект за општина Дебарца и за село Волино. Во последните 25 години во општина Дебарца не е инвестирано во ново училиште. Ова ќе биде од исклучително значење за жителите на Дебарца и како Влада ќе продолжиме и во сите други општини без разлика дали станува збор за урбани или рурални, големи или мали места, да инвестираме во образованието.

Exit mobile version