Неверојатни #timelapse снимки од изградбата новиот Светски трговски центар во Њујорк

13 години после терористичкиот напад на кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, вчера новата зграда беше повторно отворена. Ви пренесуваме неколку неверојатни снимки од различни агли од изградбата на новата зграда. За изградба на овој објект беа потрошени 3,9 милијарди долари. Има 104 ката и висока е 541 метар.

За правењето на овие снимки биле потребни цели 10 години, од денот на започнувањето на градежните активности, па се до нивното завршување.

Последниот дел кој е додаден е големата антена со чие поставување на 541 метар (1,776 стапки) заврши изградбата на Новиот светски трговски центар. Самиот број 1776 (стапки – мерна единица за должина која се употребува во САД, 1 стапка = 30,48 сантиметри), има симболичко значење и ја претставува годината во која е потпишана декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави.

Претседателот на САД, Барак Обама, на почетокот на изградбата се потпиша на еден од деловите кои беа вградени во објектот.

Еден од архитектите кои помогна во проектирањето на зградата изјави дека во зградата е вграден зајакнат челик кој зградата ќе ја направи поиздржлива при евентуален нов терористички напат како оној од 2001 година.

На цевероисток, новата зграда гледа накај Меморијалниот музеј на жртвите од нападите на 11 септември. Во овие напади животите ги изгубија над 2700 луѓе. Оваа точка беше позната како „Нулта точка“ (Ground zero).

При почетоците на изградбата на новиот трговски центар работниците често наоѓаа делови од човечки тела.

Шеесет проценти од трговскиот центар се веќе изнајмени на заинтересираните компании. Се размислува дел од објектот да биде отворен на јавноста откаде се овозможуваат прекрасни погледи на Њујорк.

Изградбата на новиот светски трговски центар поставуви нови стандарди за проектирање, изградба, престиж и одржливост. Отворањето ќе му даде нов импулс на овој дел на Менхетен кој е активен 24/7.